
Време е !
Префрли се на соларна енергија
Со префрлањето на соларна енергија, Вие штедите време, пари и најважно допринесувате за зашитата на планетата земја.
Зошто соларни панели ?
Обновлива енергија
Сонцето е чист, достапен и обновлив извор на енергија. Фотоволтаичните системи ја претвораат сончевата енергија во електрична енергија.
Фотоволтаиците се одличен избор за заштита на животната средина, особено во регион како Македонија каде има голем број на сончеви денови во годината.
Кратење на трошоците
Со фотоволтаичните системи, сопствениците на бизниси произведуваат електрична енергија од сончева светлина за сопствени потреби, со што заштедуваат финансиски средства за плаќање на електричната енергија.Кога фотоволтаиците не се активни, вашиот објект се напојува од дистрибутивната мрежа. Вишокот енергија може да се складира но бизнисите можат и да го продаваат.
Зголемена вредност на Вашиот бизнис
Со самото инвестирање во фотоволтаици, вредноста на Вашиот бизнис расне пропорционално со Вашата инвестиција. Долгиот животен век од над 20 години ја прави оваа инвестиција безбедна и исплатлива.
Независност
Со инвестирањето во фотонапон ска централа вие станувате независни од енергетскиот пазар.

Што треба да знаете?
ON-GRID Фотонапонски Панели
Соларните фотонапонски панели се поставуваат таму каде нема приклучок за струја или пак инсталацијата за приклучок е прескапа. Идеални за куќа, викендица, фарма, штала, мал погон, мотел, ресторан, рибник и останати мали и големи индустрии. Донесен е и нов закон кој овозможува поставување на ON-GRID фотонапонски системи, односно мини соларни фотоволтаични централи од максимум 4 до 6 KW на куќа или до 40KW за претпријатија. Доколку произведената струја се се користи за лични потреби, не постои ограничување во моќноста на панелите кои ги користите.
За домаќинствата, потребата се пресметува со тоа колкави се трошоците за снабдување на еден дом, во просек: бојлер, електричен шпоред, фрижидер, греалки, машини за перење садови и алишта, телевизори, компјутери и од прилика 10тина светилки. Како најголеми потрошувачи се сметаат термалните машини и апарати, односно шпоред, бојлер, греалки, како и фрижидерите и машините за перење. Компјутерите, телевизорите, полначите и останатите "помали" уреди се најмали потрошувачи на електрична енергија. Околу сите овие уреди, според стандардите, секој уред со ознака A+++ е енергетски најефикасен и користи најмалку електрична енергија, по нив следуваат уредите означени со A++, А+ , А, B, C и така натака.
Доколку сакате да видите колку електрична енергија трошат вашите уреди, тоа може да го откриете од ознаката на задната страна на уредот. Според класи, уредите со знак А се енергетски најефикасни и користат најмалку електрична енергија, а потоа следуваат уредите од класите А+++ , А++ , А+, Б, Ц итн.
Кога се вградува самостоен фотонапонски систем, вие повеќе не сте зависни од дистрибутивната мрежа и можете да трошите електрична енергија онолку колку што ќе произведете преку вашиот фотоволтаичен систем. Пресметката за потребна струја се прави со множење на моќноста на секој уред со бројот на работни часови на сончевите колектори во текот на денот. На крај се собира целата сума за сите уреди и се добива конечна пресметка за потребата на електричната енергија - струја во домот.
Како пример може да се земе бојлерот со моќност од 2000w (2000 вати). Доколку дневно е вклучен три часа, тогаш тој троши 6000 ват-часа електрична енергија на ден. Според овие просечни податоција за потрошувачката на струја на овие уреди, се добиваат 12750 ват-часа, односно 12.75 kW (киловат-часови), дневно за потребите на едно домаќинство. Просечен соларен панел во просек работи околу 5 часа дневно и произведува 1.125 kW струја. Тоа значи дека за просечен дом, се потребни околу 12 соларни панели. Покрај панелите, потребни се и соларни батерии, како и инвентор.

Анализа & Договор
